Хуан Мартин дел Потро е првиот финалист на УС Опен, бидејќи Рафаел Надал го предаде мечот при водство на Аргентинецот од 2:0 во сетови. Во второто полуфинале ќе играат Новаќ Ѓоковиќ и Кеи Нишикори.


Дел Потро првиот сет го освои преку тај-брејк, а вториот го доби со резултат 6:2. Надал, кому за време на мечот на два пати му се укажуваше лекарска помош, после два сета и нешто повеќе од 2 часа игра, беше принуден да се предаде. УС Опен се игра за награден фонд од 25.282.400 долари.