Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн верува дека „петлите“ можат да ја освојат титулата во Премиер лигата оваа сезона.

Во последната кампања, екипата заврши на четвртата позиција, далеку зад Манчестер Сити и Ливерпул. Сега фудбалерот е уверен дека лондонскиот тим ќе биде во игра за трофеи.

– Минатата година се движевме во чекор со нив, но после јануари заостанавме. Мора да започнеме добро оваа сезона. Ливерпул ја постави високо границата во петокот навечер, а потоа Сити го стори истото во саботата на пладне. Затоа е важно за нас да ги следиме што е можно подолго, изјави англискиот репрезентативец.

Според него, тимот верува дека може да го помине целиот пат до крај, но тоа, според него, ќе биде долг пат.

– За да го направиме ова, купивме нови играчи за зајакнување на тимот и зголемување на конкуренцијата. Имаме многу добар и гладен за победи состав. Секој е фит и желен да се докаже. Играчите кои излегуваат на терен се обидуваат да го покажат најдоброто од себе. Ова е важно ако сакаме да имаме добра сезона, рече Кејн.