Германската тениска легенда Борис Бекер ја искритикува публиката на Вимблдон поради нефер навивањето против Новак Ѓоковиќ.

Бекер, во улога на коментатор на Би-би-си. рече дека на тенисерот кој подоцна стана и шампион, мора да му се укаже повеќе почит.

Публиката мора да биде свесна за величината на Новак Ѓоковиќ“, подвлече Германецот.

Бекер посебно го нагласи ракоплескањето за грешките на Србинот, што сепак, „само го поттикнало Ѓоковиќ да се бори со пожестоко“ до победата.

Бекер, инаку, е поранешен тренер на Ѓоковиќ и троен освојувач на Вимблдон.