Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ доби две од годишните награди на Асоцијацијата на тениските професионалци. Србинот ќе ја добие наградата дека завршува како прв АТП листата, како и за камбек на годината.

Оваа година, Ѓоковиќ освои четири титули, меѓу кои  „Вимблдон” и „УС Опен”.

Маријан Вајда, кој се врати во штабот на Ѓоковиќ во април, беше избран за тренер број 1 годинава.

Шпанецот Рафаел Надал ја освои вторпат наградата за ферплеј, која го носи името на легендарниот Швеѓанец Стефан Едберг, а Роџер Федерер ја зема наградата за миленик на навивачите.

Деветнаесет годишниот австралијанец Алекс Де Миноr го освои гласањето за дебитант на сезоната, а 20-годишниот Стефанос Циципас од Грција зема награда за најголем напредок во текот на годината.