Фудбалерот на Аргентина, Лионел Меси постигна одличен гол на натпреварот против Мексико за победа од 2-0. Со оваа победа Аргентинците се во игра за вториот круг.

Аргнетина имаше страшен офанзивен настап, но Лионел Меси го проби мексиканскиот ѕид со хируршки прецизен удар од работ на шеснаесетникот. Осми гол на Аргентинецот на Светското првенство, израмнувајќи се со славниот Диего Армандо Марадона.