Алегри и Јувентус се согласија за прекин на договорот една година порано, бидејќи италијанскиот клуб беше обврзан со тренерот до јуни 2020 година.
Алегри со Јувентус освои пет последователни титули во Серија А и на два пати ја доведе екипата до финале во Лигата на шампиони.
Масимилијано Алегри нема да биде тренер на Јувентус следната сеона“, стои во соопштението на клубот, а поводот за тоа пред медиумите ќе го соопшти утре пртседателот на клубот Андреа Анјели.
Алегри последен пат ќе го води Јувентус против Сампдорија на 26 мај. Во својата кариера бил тренер на Гросет, Сасуола, Каљари и Милан.
Comments are closed for this post.