Тоа е дел од мојот животен пат, благодарен сум што доаѓам од Србија, ми дава храброст и надеж. Затоа што тоа што го постигнувам е уште понаградувачко и уште повеќе ме исполнува и пишувајте што мислите“, рече Ѓоковиќ на конференцијата по финалето на УС Опен во кое го совлада Медведев со 3-0.

 

Трет Грен слем во годината, седми само во последните три сезони! Иако многумина од неговите години се главно пензионирани или барем сериозно размислуваат за тоа, Новак Ѓоковиќ повторно го плени тенискиот свет.

Кога го победи Карлос Алкараз во овогодинешното финале на Вимблдон, многумина мислеа дека е време 36-годишниот тенисер конечно да ја префрли палката на помладата генерација, но српскиот тенисер само два и пол месеци подоцна тоа го демантираше.