Откако вчера беше објавено дека на Косово повторно се појави трговија на човечеки органи, српските медиуми открија кој стои зад сето тоа.

Според нив, вадњето на човечките органи се одвива во една приватна клиника во Приштина. Неколку лица се уапсени, а за уште неколкумина се трага.

Според тврдењата на медиумите, главни жртви се мигранти кои минуваат низ балканската рута и кои минуваат низ Косово.

Во последните неколку години забележани се исчезнувања на десетина мигранти. Покрај тоа, меѓу лицата на кои наводно им биле вадени органи се и Срби од Северот на Косово.