Специјлниот суд во Белград денеска ги осуди убијците на новинарот Славко Чурувија на вкупно 100 години затвор, соопшти белгардски „Данас“.

По 30 години затвир дибија бившиот шеф на Државната безбедност, Радомир Марковиќ, и бившиот феш на белгардскиот центар на Државаната безбедност, Милан Радончиќ, додека други двајца обвинети добија по 20 години.

Славко Чурувија беше убиен на 11 април 1999 година, на Велигден. Обвинителството изјави дека тој бил ликвидиран по наредба на лица од највисоките структури на власта. Како мотив се посочува желбата да се ограничи слободата на медиумите и да се зачува власта, чии претставници Чурувија јавно ги критикуваше.

Новинарот беше убиен пред влезот во зградата во која живеел.

Убиството беше извршено во екот на бомбардирањето на НАТО против Сојузна Република Југославија. Во тоа време на власт во Србија беше коалицијата меѓу Социјалистичката партија на Србија, Југословенската левица на Мира Марковиќ и Српската радикална партија. Неколку дена пред да биде убиен, Чурувија беше посочен од влијателната сопруга на Слободан Милошевиќ како поддржувач на НАТО бомбардирањето.