Вистински спектакл приреди министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ во седиштето на Обединетите нации на расправата за Косово. Дачиќ имаше вербален дуел со амбасадорката на Косово во САД, Вљора Читаку за правата на Албанците и на Србите во некогашната српска покраина.
Во еден момент Дачиќ проговори на српски и на амбасадорката и го извади српското државјанство и ја запраша зошто не бара да биде отпишана од државјанин на Србија.
Comments are closed for this post.