Неонацистичката партија во Грција Златна зора, не влезе во парламентот, а за разлика од европските избори кога доби пратеници во ЕП, овој пат дожиева фијаско.

Не само што ниту еден „златнозорец“ нема да влезе во новиот состав на парламентот, туку од европските избори пред еден месец таа загубила 110.000 гласови. Додека на изборите за ЕП Златна зора доби 275.734 гласови, вчера освои 165.689 гласови – односно пад од 110 илјади. Во проценти од 4,87, сега падна на 2,9 и не успеа да го премиен изборниот праг од 3 проценти.

Кога Златна зора за прв пат се појавува на избори во 2012 година освои 440.894 гласови, односно 6,97 проценти, а потоа на сите избори не паднала под 6 проценти.

Се до вчера, од кога е надвор од парламентот и во период кога е во тек големиот и важен судски процес против видни членови на неонацистичката партија заради убиството на еден познат музичар.