Брод на невладината организација „Open arms“, што со своето присуство во морето им помага на бегалците и мигрантите, наишол на непријатен пречек на грчкиот остров Лезбос, кога група жители не дозволиле да се закотви на едно од пристаништата, објавија локалните медиуми, .
Според истите информации, дел од граѓаните симболично фрлиле камења кон бродот, што бил на околу 200 метри од пристаништето, во северниот дел на островот.
За да се спречат инциденти, во морскиот дел стигнале бродови на Фронтекс и грчката крајбрежна служба, но и полицијатс на копно, по што бродот доцна синоќа се закотвил на пристаништето.
Информативниот портал „Lesvosnews“ коментира дека ова е првпат жителите на островот да реагираат на ваков начин кон невладина организација.
Comments are closed for this post.