Жарко Поповиќ Поп, поранешeн началник на Одделот за крвни деликти покрена сомнеж дека водачите на Земунскиот клан прво биле мачени, а потоа убиени, а многумина како доказ наведуваат дека Луковиќ  на лицето имал страшни модринки.

Ги фатиле, ги тепале и кога немале што да кажат – ги убиле. Одземена им е вреќа со десет милиони марки.  Најверојатно ги издал Дејан Миленковиќ Баџи.  А каде се парите од местото на настанот? – прашува Поповиќ.