Земјотрес со јачина од 5,5 степен беше регистриран утрово во Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот се случил во 5:36 часот по локално време

Епицентарот бил на 23 км североисточно од Патра, на длабочина од 6 км.

Подоцна во 6:38 часот регистриран е уште еден земјотрес од истото епицентрално подрачје со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала.