Германската канцеларка Ангела Меркел по трите епизоди на видливо тресење за време на официјални церемонии, реши да го смени протколот – со премиерката на Данска Мете Фредериксен, двете седеа на бели столици. Тие беа поставени на пиедестал на црвен тепих, а канцеларката и премиерката седеа додека се интонираа химните на двете држави.

Овој пат со Меркел помина се во најдобар ред, го неамше тој видилив тремор.

За последен пат канцеларката Меркел видливо се тресеше вчера за време на приемот и свечената церемонија за премиерот на Финска, по што јавноста во Германија повторно праша – што се случува со здравјето на Ангела Меркел? Дали е таа доволно здрава за да може да биде на таа функција?

Официјалниот одговор е дека Меркел е во добро здравје, а се тресе затоа што таа веќе има 65 години. Некои тресењето го поврзуваат со ментален замор, и оти физички таа нема проблеми.

Според германските медиуми, денес било за прв пат да се прекрши протоколот и да се седи на столче додека се свири химната.