Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска на новинарско прашање од локалните медиуми рече дека пред неколку месеци и тој бил потенцијална мета на руските пранкери, но, како што вели, благодарение на владините служби, нивниот обид бил неуспешен.

Не може да се разговара со некого без однапред да се знаат темите на разговор, колку ќе трае разговорот и со кого точно ќе се зборува“,  рече Тачи изразувајќи благодарност до службите коишто навреме го откриле обидот.