Грчките власти запленија над 230 килограми кокаин по операциите во регионот Атика, при што е уапсен 38-годишен маж.Грчката полиција верува дека пратката била организирана од меѓународна криминална организација специјализирана за пратки со кокаин од Латинска Америка во Европа.

Запленетата количина била наменета за дистрибуција на грчкиот пазар, пренесува грчката агенција АНА. Акцијата за откривање на локацијата на кокаинот била координирана од Одделот за наркотици во солунската полиција, Управата за спроведување на дрога на САД (ДЕА) и грчките пристанишни власти, крајбрежната стража.

Кај уапсeниот маж се пронајднени пиштол, мобилен телефон и пари.