Заменик-министерот за дијаспора и стратешки инвестиции Аријан Даци загина во лавина во близина на косовско-македонската граница.

Несреќата се случила во близина на ски-центарот „Брезовица“, од косовска страна на Шар Планина.

Смртта на Даци, кој е син на некогашниот претседател на косовскиот Парламент, Неџад Даџи, ја потврдија и претставници на Владата во Приштина.

Според извори од косвската полиција, со загинатиот Даци имало уште едно лице, коешто успеало да се спаси од лавината.

Како што пишуваат косвските медиуми, семејството Даци имало колиба во близина на скијачкиот центар.