Сопругата на Слободан Милошевиќ, Мира Марковиќ му предложила да се убијат во бункер. Отако станало јасно дека тој ја губи власта во 2000 година неговата сопруга му предалга да не ги признава во никој случај резултатите на изборите.

Тогаш Мира дошла на идеја да се убијат на ист начин како што тоа го направиле Хитлер и Ева Браун.

Но, на Милошевиќ оваа идеја не му се допаднала, како и тоа да не ги признае изборните резултати. Тој ги признал резултатите отако му ветиле дека нема да биде испорачан во Хаг што се случи по нецела година.