Претседателот на САД, Доналд Трамп ќе пристигне во Белград следната година, пишуваат српските медиуми. Тоа ќе се случи за православниот Велигден што се толкува како поддршка во дијалогот со Белград.

Напролет се очекува да биде постигнат договор што треба да биде конкретен повод за доаѓањето на американскиот претседател.