Кај српскиот град Бујановац, во близина на македонската граница, денеска е пуштена во сообраќај нова делница од автопатот од Коридорот 10, во должина од 6,6 километри, јави дописникот на МИА од Белград.

Во состав на делницата е и чворот Бујановац 1, кој обезбедува директен влез и излез за Бујановац и пристап до целата постоечка мрежа на државни и локални патишта во тој дел на Србија, меѓу кои и до патот за манастирот „Св. Прохор Пчински“.

Како што пишуваат српските медиуми, станува збор за една од најпроблематичните делници на Коридорот 10, која требаше да биде завршена пред една година.