Во првите пет месеци од годинава Истанбул го посетиле 5,5 милиони туристи, што е рекорден број за последните пет години, јави агенцијата Анадолија, повикувајќи се на извештај на градската управа.
Посочениот број е за 11% поголем во споредба со истиот период од минатата година, што мегалополисот го приближува до целта за пречек на 15 милиони туристи во 2019 година.
Валијата на Истанбул, Али Јерлакај посочил дека меѓу странските туристи најбројни се германските, руските и иранските. Голем е делот и на туристи од Кина, Украина и Саудиска Арабија.
Истанбул е на третото место во Европа и меѓу топ 10-те најпосетени градови во светот.
Comments are closed for this post.