Активист и еден од основачите на Локалниот фронт од Краљево, Бранислав Сеничиќ е осуден на парична казна од 10.000 денари. Оваа казна мора да ја плати затоа што пред две години кинел и цртал на плакатите на кои бил Александар Вучиќ, пишува весникот „Данас“.

Судијата на Уставниот суд кој му ја изрекол пресудата му рекол дека добро поминал бидејќи можел да добие и затворска казна.