Турски камионџија тврди дека бугарски полицаец му удрил шамар, зашто не сакал да му даде рушвет од 10 евра, „колку за супа и кафе“! Веста доаѓа од туртски медиуми, а е потврдена од видео снимено од камера во камионот.
Според 52-годишниот Мусхит Казан, инцидентот се случил во реонот на Ихтиман. Тој патувал кон Турција кога бил запрен за проверка. Полицајците му рекле дека претекнувал неправилно. Казан, пак, тврдел дека и други возачи правеле прекршок, но нив не ги запирале.
Според неговите зборови, по ова започнала караница, зашто на полицајците им рекол дека во камионот има камера, што ги снимила прекршоците. На видеото се гледа како Казан разговара со полицаецот до десната врата на полициското возило. Камионџијата мавта со рацете сакајќи да објасни нешто. Во еден момент полицаецот излегува од возилото и му удира шамар.
Казан вели дека тоа се случило, откако полицаецот му побарал потпкуп од 10 евра „колку за супа и кафе“. Тој одбил да даде пари.
За настанот Казан ја информирал турската амбасада во Софија, како и турското Министерство за надворешни работи во Анкара.
Од бугарското МВР изјавиле дека за случајот е започната проверка.Полицајците од видеото биле пронајдени и со нив се извршени разговори.
Comments are closed for this post.