Претседателот на Србија Александар Вучиќ изрази поддршка за земјите од регионот во справувањето со корона вирусот. Тој вели дека не треба да бидеме како ЕУ од која не добиваме никаква помош.

Но затоа денеска од Кина Србија ќе добие респиратори како и неколку милиони заштитни маски. Вучиќ се закани дека доколку биде потребно ќе воведе 24 часовен полициски час и оти може слободно ЕУ да го критикува.