Во Брисел се одржа проштална вечера за лидерите од Западен Балкан, во организација на високата претставнича на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. На вечерата присуствуваа претседателите на Србија, Црна Гора и Косово, Александар Вучиќ, Мило Ѓукановиќ и Хашим Тачи, премиерот на Македонија Зоран Заев и членови на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ. Еди Рама не можеше да присуствува на вечерата поради обврски.
Додека се поздавуваа со „домаќинката “ Федерика, Могерини, српскиот претседател Вучиќ во еден момент видно расположен искоментира
„Хашим, Федерика најмногу сака да те бакне“ “и по неколку секунди додаде дека Тачи се преправал дека не го разбира српскиот.
Comments are closed for this post.