Србија денеска ќе даде вакцини и на Босна и Херцеговина. Имено, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на аеродромот во Сараево ќе го предаде контингентот вакцини на компанијата „Астразенека“, што Србија ги донира на соседната држава.

Донацијата на вакцини ќе ја примат претседателот и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, Жеjко Комшиќ и Сефик Џаферовиќ.

Предавањето на контингентот вакцини, неопходен за имунизација на граѓаните на Босна и Херцеговина против корона вирусот, ќе биде организиран на Меѓународниот аеродром во Сараево, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Републиката.

Вучиќ претходно најави дека на Босна и Херцеговина ќе ѝ бидат дадени 10.000 дози од вакцината „АстраЗенека“, што ги набави Србија.