Српскиот претседател Александар Вучиќ, обвини дека протестите во Белград се организирани во Скопје од група во која се советниците на премиерот Заев.

Има група на криминалци во Белград кои сакаат да работат во Скопје. Бандитите кои ги избркавме од овде, Саша Мирковиќ, Башановиќ, сите голи криминалци, едниот крадеше гаќи во шопинг мол во Америка, а сега е советник на Заев и тоа многу важен. Не се секирајте, ќе ги заштитиме сите луѓе во Србија – нагласи српскиот претседател.

Вучиќ, вчерашните упади ги спореди со собраниските настани во Македонија од 27 април и двојните аршини на меѓународната заедница.

 

Како е можно да западните амбасадори не го осудија ова, а го осудија истото од оние кои не им се допаѓаа, а влегоа во македонското Собрание. Големите пријатели на Заев, Ѓилас и Јеремиќ, се пофалија дека е осуден поранешниот министер Чавков на 18 години затвор, затоа што не ги спречил граѓаните да влезат во Парламентот. Според тој принцип, можеби треба да размислуваме за одговорност за министерот Стефановиќ што го пушти фашистот Обрадовиќ и тајкунот Ѓилас да влезат во РТС – објасни Вучиќ.