Претседателот на Србија Александар Вучиќ во вчерашната емисија „Кирилица “потсети на општата амнестија за Албанците кои убиваа македонски полицајци во Диво Насеље..
– Ова се слики од пред осум години кога беа убиени осуммина македонски полицајци. Ги убиле вистински терористи од Косово, 14 од нив загинале. Тоа се таканаречените државни погреби во Спортската сала во Приштина. Таму беше и Иса Мустафа. Ова е споменикот на Риза Бег во Приштина. Погледнете го тоа, и тие некому му кажуваат нешто. Не само што имаше денови на жалост, туку беа подигнати и споменици. Тогаш беа убиени осум полицајци, а тие не беа терористи, туку следеше општа амнестија. За нас важат посебни правила. Ќе продолжи да важи додека еден ден некој не го признае Косово или нема да има поголем пресврт во светот – рече Вучиќ на ТВ Хепи.
Comments are closed for this post.