Претседателот на Србија Александар Вучиќ во вчерашното интервју за „Пинк“ изјави дека нема да прифати техничка влада и дека единствен начин тоа да го добијат е да го убијат.

Да ме убиете можетее, тоа е најлесно, но што ќе постинете со тоа? Ќе ме кренете во небеса.Поинаку не можете да добиете ништо.Секаде каде што постојат преодни влади бидејќи таму директно раководи странскиот фактор. Тие земји се разорени и уништени за долги години секоја од нив. Тоа би било директно уништување на Србија, јас во тоа нема да учествувам, положив заклетва на Уставот и Евангелието. Да учествувам  во тоа затоа што ми се закануваат на улица или странците. Што мислите како ги издржав притисоците за Косово, праша Вучиќ?