Милош Вучeвиќ е избран за нов претседател на Српската напредна странка на предлог на претседателот Александар Вучиќ.Вучевиќ е еден од најистакнатите соработници на претседателот Вучиќ и заедно со Дарко Глишиќ, претседател на Извршниот одбор на СНС, се смета еден од најспособните партиски оперативци. Милош е и најдобар другар на неговиот брат Андреј.

Роден 1974 година во Нови Сад, член е на Српската напредна странка од 2008 година.

За градоначалник на Нови Сад беше избран во септември 2012 година, по што престана да работи како адвокат. По втор пат е избран за градоначалник во јули 2016 година, а трет пат во септември 2020 година.Тој е страстен љубител на фудбалот и спортот воопшто. Тој сака слободното време да го поминува во природа и со риболов.