Бесмислен е разговорот со Албин Курти, нема да разговарам со него, ослободете ги уапсените Срби, повлечете ги последните норми за српската стока, повлечете ги лажните градоначалници и полицијата од северот на Косово, па тогаш ќе размислам на продолжување само на техничкиот дијалог“, изјави претседателот Александар Вучиќ во обраќање до јавноста.
Пред тоа, Вучиќ ги наброја сите инциденти, пукања, апсења на косовските Срби во изминатата година, обвинувајќи го Еулекс дека „не презема, ама баш ништо, дури ни во извештаите, дека само ја следи ситуацијата“.
Според Вучиќ, кон Србија се води „хибридна војна“ преку Србите на Косово и нивните лидери кои се обвинуваат за криминални дејствија, и дека според западот „Србија мора да биде виновна“.
Овде доаѓаме до суштинската одлука на западните земји, за која мораме да бидеме свесни. Тие дозволуваат пукање врз Србите, малтретирања на Србите. А, на Курти се му е дозволено, тој провоцира, сака конфликт, сака војна по секоја цена, а во тоа има заштита, лаже дека нема заштита, изјави српскиот претседател.
Вучиќ најави дека поради односот кон косовските Срби, „тие на Видовдан на мирен начин ќе преземат свои чекори за слобода, во рамките на меѓународните норми, внимавајќи на односите на Србија само со НАТО.“
Веќе никого нема да информираме, освен за подигање или спуштање на борбената готовност. Освен нашите обврски кон НАТО, кои секогаш целосно ќе ги исполнуваме во согласност со резолуцијата 1244. Ќе се обидеме да го зачуваме мирот, но ги предупредуваме сите оние кои очигледно не се грижат за мирот и кои сакаат Србите да бидат малку потивки, а не толку гласно иселени од северот на Косово, што нема да се случи. Тоа е сè што треба да им кажам. Нека мислат или тврдат дека тоа е блеф, реалност, се едно ми е, вака или онака, изјави Вучиќ.
Comments are closed for this post.