Поведена е дисциплинска постапка против У.Б.(21), кој речиси два месеца е во притвор откако изврши масакр во селата Дубона и Мало Орашје, кај Младеновац и Смедерево.Тој во затвор го нападнал својот цимер во ќелијата и го удрил.

– Со оглед на тоа дека физичкиот напад, односно насилството врз друго лице е сериозен дисциплински престап, веднаш се преземени соодветни мерки против У.Б. Имено, тој веднаш е преместен од ќелијата каде се случило насилството – велат од затворот.

Урош е ставен под засилен надзор, а мерките за безбедност во делот на притворот каде што се наоѓа се подигнати на највисоко ниво.