Воздухопловните сили на Романија и на Бугарија одржаа заеднички координирани вежби, насловени „Син мост 2018“, соопштија од бугарското Министерство за одбрана.

Во рамки на маневрите, бугарски „Миг-29“ успешно ја заврши вежбата на пресретнување на романскиот „Миг-21“.

Вежбата имала за цел пилотите да ги стави во ситуација кога во воздушниот простор ќе се појави авион без дозвола за лет.

Националните центри за надгледување на воздушниот сообраќај, исто така, спроведоа вежба за размена на контролите за летање, наведе БТА.