Вонредни парламентарни избори во Косово, по оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, ќе се одржат на 8 септември, извести државната радио-телевизија повикувајќи се на извори во кабинетот на претседателот на државата.
Изворите тврдат дека претседателот Хашим Тачи се одлучил за споменатиот датум согласно законските и уставните рокови.
Според правните толкувања, вонредните избори мора да се одржат најрано 30 дена, а најдоцна 45 дена. Но, тоа се однесува на датумот по конституирање на Собранието на Косово. Овојпат не се работи за ново конституирање на Собранието, па оттаму не е јасно дали тие рокови важат и во вакви околности“, наведува државната телевизија.
Досегашниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај, во петокот се повлече од премиерската функција поради поканата што ја доби од Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг, каде ќе биде сослушан како осомничен.
Comments are closed for this post.