Косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај, на деветтата годишнина од пресудата на Меѓународниот суд за правда (МСП) дека независноста на Косово е легитимна и правична, порача дека државата денес е посилна од кога и да е, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај, кој во петокот поднесе оставка од премиерската функција поради повикот од Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, денеска потстети дека на 21 јули 2010 година, ден пред, како што ја нарече, историската одлука на МСП за независноста на Косово, тој беше повикан на вториот процес против него од Хашкиот трубинал за воени злосторства во поранешна Југославија.

За коинциденција, еден ден пред одлуката на МСП, на 21 јули, јас бев повикан во Хаг на вториот судски процес. Денес, кога повотрно сум повикан во Хаг, на оваа деветта годишнина, Косово е посилно од кога и да е, како независна, суверена, демократска, единствена и неделива држава и е посветено на својот евроатлантски пат, порача Харадинај преку својот Фејсбук.

Një nga datat më të rëndësishme të shtetësisë së Kosovës është edhe 22 korriku i vitit 2010, kur Gjykata Ndërkombëtare e…

Posted by Ramush Haradinaj on Monday, July 22, 2019

Меѓународниот суд за правда, чие седиште е исто така во Хаг, е главниот судски орган на Обединетите Нации. Основан е во 1945 година според одредбите на Повелбата на ОН