Српското село Гомилица е вистински феномен. Иако таму никнуваат вистински палати никој не живее. Се прашувате како е тоа можно?

Сопствениците на луксузните зданија живеат во Австрија но сепак во својот роден крај вложуваат за куќи кои вредат и по половина милион евра.

Многумина се прашуваат зошто а  одговорот лежи  во тоа што сакаат пред соседите да се покажат кој има поголема и по убаво уредена куќа која ја користат само неколку недели на лето кога ќе дојдат на одмор.