Војислав Шешељ вели  дека има јасна разлика меѓу геноцид и криминал, и оти немало намера да се изврши геноцид во Сребреница.

– Сите треба да ја прочитате конвенцијата за геноцид, бидејќи тоа е уништување на национална, верска или расна група. Муслиманите од Сребреница не можат да се разликуваат од оние од цела Босна. Ниту една жена не е убиена, ниту еден старец и ниту едно дете не е убиено во Сребреница и немало намера да се изврши геноцид.