Потрагата по телото на малата Данка Илиќ (2) од Бо трае но сè уште нема напредок. Полицијата и спасувачките екипи прочешлаа голем број локации, пребаруваа и локации каде човечка нога   едвај стапнала, но телото се уште го нема.

Екипите се на терен нон-стоп, а сега повторно се проверуваат сите шахти и акумулации кои се активни или неактивни, како и природните и вештачките системи за наводнување. Тоа се прави бидејќи осомничените за убиството на девојчето Драгијевиќ и Јанковиќ биле вработени во Бор „Водовод“ и по природата на работата добро ги познаваат тие системи.