Во Србија по вакцинацијата пријавени се 20 несакани ефекти, вели Павле Зелиќ од Агенцијата за лекови и медицински помагала.
Зелиќ за РТС истакна дека сите несакани ефекти биле краткотрајни.
Како што наведе, станува збор за две категории на несакани ефекти – локални, кои се јавуваат на местото на апликација, како што се оток и болка, и системски, односно слабост, болка во мускулите и треска.
Зелиќ потсети дека секоја вакцина мора да биде одобрена од Агенцијата за лекови и медицински помагала пред да се појави на пазарот.
Тој истакна дека кинеската вакцина поминува низ истиот регулаторен пат како и другите две вакцини.
Comments are closed for this post.