Во Словенија ситуацијата со епидемијата на коронавирусот е сѐ подбра, а во поголемиот дел од земјата со одлука на владата се воведува олабавување на рестриктивните мерки, па така од идната седмица по речиси три месеца повторно во училишните клупи ќе седнат учениците од првите три одделенија на основното образование, а се отвораат и детските градинки.

Според податоците коишто во четвртокот ги објави словенечкото министерство за здравство, во последните 24 часа со 11.599 PCR и брзи антигенски тестови потврдени се 1.445 нови случаи на коронаинфекција, при што кај PCR тестовите позитивни биле 24.2 отсто од примероците, а кај брзите антигенски тестови 4,1 отсто од примероците.

Бројот на активните случаи во моментов изнесува 19.636 и е помал за 6 отсто во однос на средата. Во последните 24 часа се забележани 26 смртни исходи предизвикани од компликациите кои ја придружуваат болеста Covid-19, со што вкупниот број починати од почетокот на епидемијата во Словенија изнесува 3.257 луѓе.

Во болниците во моментов има 1.178 ковид-пациенти, што е под прагот од 1.200 пациенти, колку што беше одредено за повторно отворање на некои дејности, според критериумот на владиниот епидемиолошки „семафор“ за ублажување на рестрикциите. Исполент е критериумот за најмногу 200 ковид-пациенти на одделите за интензивна нега, зашто во моментов има 179 вакви пациенти, што е за 4,3 отсто помалку отколку во средата. Задовелен е и критериумит за просечниот број новозаразени во седумдневен период од 1.350 случаи, зашто сега тој просек изнесува 1.247 случаи.

Со намалувањето на бројот на активните случаи на заразата, на бројот на хоспитализираните во болниците и на просечниот број зарази во седумдневниот период, се исполнети критериумите за ублажување на строгите рестриктивни мерки кои на сила во Словенија се веќе неколку месеци.

Премиерот Јанез Јанша потврди доцна вечерта во средата, по седницата на владата посветена на епидемиолошката ситуација во земјата, дека моменталната состојба, која ја нарече „сѐ уште многу сериозна“, дозволува отворање на некои дејности и ублажување на одредени мерки. Засега тоа се однесува на 9 од 13-те региони, но за десетина дена доколку се одржи позитивниот тренд, тоа може да важи и за преостанатите региони.

Со одредени услови, со одлуката на владата се отвораат и скијалиштата, следната седмица повторно почнува наставата во пониските класови од основното образование, се отвораат и пазарите, фризерските салони и сервисите за чистење, ако и механичарските сервиси.

Како најважна во јавноста се оценува одлуката за повторно почување на наставата во живо, засега само за учениците од првите три одделенија во основните училишта и повторното отворање на дестските градинки. Онлајн наставата во Словенија траеше речиси три месеца. Тоа предизвика незадоволство на родителите, со предупредување од педагозите дека тоа негативно ќе се одрази на целата генерација ученци, а постојаното продолжување на таквата форма на наставата ги проблематизираа и уставните судии.

Следниот понеделник ќе биде изведено масовно тестирање на наставниот и друг персонал во училиштата и градините, за образовниот процес да може да започне во вторник, а вкдата повторно го одозволи собирањето на студентите на факултетите во случаи кога е тоа е неоходно за изведување на вежбите во наставниот процес.