Во Загреб, но и во останатите делови на Хрватска, дефинитивно започна епидемија на мали сипаници, потврди за хрватски Индекс епидемиологот Ива Пем Новосел од Хрватскиот завод за јавно здравје.
Во Загреб досега лабораториски се потврдени девет случаи на мали сипаници, вклучително и денешните два случаи во медиумската куќа РТЛ, каде се сомневаме на уште еден случај, изјави епидемиологот.
Според Новосел, во Хрватска, заедно со случаите од Загреб, забележани се вкупно 35 заболени, а во оваа бројка не се вклучени денешните потенцијални случаи, за кои се уште нема потврда.
Се уште не може да се зборува за епидемија од пошироки размери, но порастот на заболените е таков на почеток од епидемијата, заклучува Новосел.
Сите пациенти на Клиниката се примени со висока температура, а од сите досега евидентирани заразени со сипаници, шестмина не се вакцинирани.
Од сите случаи никој нема развиено тешка клиничка слика, тврдат епидемиолозите кои очекуваат оваа заразна болест да се шири.
Comments are closed for this post.