Мултилатерален состанок на претставниците на државите кои распишаа потерница за платениот убиец Чаба Деро и бараат негово испорачување, одржан е пред десет дена во Хаг, изјавија денеска за агенцијата Танјуг од Министерството за правда на Србија.
На состанокот учествувале Србија, Унграрија, Холандија, Шпанија како и Чешка, на чија територија е уапсен Деро и која треба да одлучи на која држава ќе го испорача.
Платениот убиец Чаба Деро на 1. март е уапсен во Прага со лажни документи, оружје и опрема за маскирање.
Србија бара убиецот да и биде испорачан заради ладнокрвното убиство на Небојша Милошевиќ во белградската населба Баново Брдо на 5 јануари оваа година.
Холандија, Шпанија и Унгарија исто така го бараат за убиства извршени во тие држави. Убиецот, како што пренесуваат медиумите, има српско и унгарско државјанство.
Чешкото правосудство ќе мора да проценува на која од четирите држави ќе го испорача Чаба. Меѓу другото ќе треба да го цени и неговото државјанство, тежината на кривичните дела за кој се бара и доказите кои секоја држава ќе ги достави.
Comments are closed for this post.