На 14 мај ќе се отворат границите за македонските граѓани со Грција во Дојран и Богородица, рече министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање по денешната посета на вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“.

Посочи дека утрово во разговор со грчкиот миинистер за туризам Харис Теохарис, во рамки на епидемиолошката слика и мерките во двете земји, Грција има во план да ги отвори  двете границите за Македонија на 14 мај, но за влез потребен ќе биде негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација.

-Тоа што јас имав обврска утрово е да испратам како ќе изгледаат нашите сертификати за вакцинација, со сите потребни кодови и листата на официјални и овластени лаборатории што може да издаваат ПЦР тестови, посочи Филипче.

Тој додаде дека се надева дека нема да се случат драстични промени што ќе ја влошат епидемиолошката состојба во двете земји.

Се уште е нејасно дали Грција ќе ги призава за влез сите вакцини или само оние што се одобрени од ЕУ.