Принцот Петар Караѓорѓевиќ, најстариот син на престолонаследникот Александар има вонбрачна ќерка во Лондон. Но, тој не е единствениот Караѓорѓевиќ кој имал вонбрачно потомство.

Некои ги признаа овие деца, некои никогаш, некои шпекулираа за нивниот број и идентитет, но несомнено е дека и кралот Александар Караѓорѓевиќ, прадедото на принцот Петар, имал вонбрачна ќерка Јелена, која ја имал пред бракот со кралицата Марија.
Ќерката Јелена во подоцнежните години дури дошла во Србија да го запознае полубратот на принцот Томислав, а приказната за неа е повеќе од интересна.

Во јануари 1916 година, за време на албанската голгота, тогашниот регент Александар Караѓорѓевиќ имал жива операција на тестисите во Скадар. Беше ерген на 28 години, престолонаследник без наследници.

Државата веќе била загрижена дека ќе останат без наследник па Јелена, вонбрачната ќерка што ја добил во 1920 година, всушност била потребна на државниот врв како доказ дека Александар може да остави потомци.

На последниот ден од 1920 година, во просторијата на американскиот конзулат во Белград, Шарлот Котијар родила девојче по име Јелена. на крштевањето го добила и името Зорка, по мајката на Александар.

Шарлот Котијар почина во 1953 година, а Јелена Јуженидис, чии сопруг беше и министер за надворешни работи на Грција, почина на 19 јануари 1998 година во Атина. Таа остана блиска со Караѓорѓевиќи, најмногу била со принцот Томислав, а неколку пати била и на Опленац каде му палела свеќа на таткото.