На лондонскиот самит од Берлинскиот Процес во 2018 година, владите од Западен Балкан, се обврзаа дека ќе ја засилат битката против корупцијата. Колку навистина е таа успешна ? Новиот извештај на Глобалната Иницијатива против Транснационалниот Организиран Криминал (ГИ-ТОК) насловен како Западен Балкан Анти-Корупциски монитор на заложби ги надгледува ветувањата кои беа дадени и го следи нивниот напредок и процс почнувајќи од 2019 година.

Извештајот, е предводен од граѓанскиот сектор, а е базиран на анализа обезбедена од страна на експерти за анти-корупција од шестте земји на Западен Балкан, кои испитуваа корупција и нејзиното влијание врз владеењето во секоја земја од регионот и ја разгледуваа анти-корупциските мерки, како и обиди на владите да се справат со корупција. Сето е едено од малкуте, ако не и единствено, сеопфатно оценување, на спроведувањето на заложбите не Берлинскиот процес од 2018 година.

„Битката со крупцијата е јасен приоритет на Европската Унија“ рече авторот Сунцана Роксандиќ која нотираше дека светската „корупција“ е спомената 88 пати во ЕУ 2020 Комуникација. „Битката со корупцијата е исто така приоритет на цивилното општество во Западен Балкан, со надеж дека за исто се залагаат и владите“ рече Роксандиќ.

Вториот извештај насловен како Политичка Економија на Организираната Корупција и Анти-Корупција се осврнува на факторите кои овозможиле организираниот криминал да цути во регионот и на импактот на овие појави. Извештајот посочува дека иако е направен значителен напредок во имплементирањето на анти-корупциската легислатива, во инситуциите и во нивните стратегии за делување, ефективниата употреба на овие мерки и тела честопати недостасува во пракса. Резултатот е состојба која извештајот ја именува како „организирана корупција“ – симбиоза на организиран криминал, криминални методи и корупција на високо ниво, која креира пукнатини во екосистемот кој овозможува заштита на тие кои имаат пристап до моќ.

„Организираната корупција не е само поврзана со системска незаконска финансиска корист туку е и уникато влијание во процесот на носење на одлуку но истовремено е и системско „поткупување“ и „ширење на влијание“ за социјална поддршка за да се остане или добие позиција на политичка и економска моќ “ објасни водечкиот автор на извештајот Углеша (Уги) Звекиќ.

Џон Пенросе британскиот пратеник и шампион на Обединетот Кралство во борбата против Анти-Корупциското заедно со Марк Шо Директорот на Глобланата Иницијатива против Транснационалниот Организиран Криминал го поздравиja растечкиот фокус на Берлинскиот процес кон борбата против корупцијата и изразија надеж дека „овие извештаи ќе помогнат да се обезбедат информации за тековните и идните антикорупциски иницијативи, како што се Патоказот за нелегални финансии и борбата против корупцијата“.

Тие посочија дека „овие извештаи даваат добра основа за систематско следење на исполнувањата од ветувањата за борба против корупцијата“. Ние веруваме дека соработката помеѓу граѓанското општество и владите, како и меѓународната соработка, ќе има нашиот оклоп против корупцијата “.