Цела екскадрила борбени авиони кои припаѓале на ирачката армија повеќе од три децении се наоѓаат во Србија. Тие биле пратени на сервис во Белград во 1989 година но тогаш почнала најпрво заливската војна па потоа војната во Југославија и леталата никогаш не биле вратени назад.

Се работи за десет авиони „Миг 23“, ловци „Миг 21“ кои беа под надлежност на врховниот командир Садам Хусеин.

Српските власти имаа еден обид да ги вратат авионите непосредно пред убиството на Хусеин но не беше успешен.