Велислава Петрова – Чамова новата министерка за надворешни работи на Бугарија. За нега малку се знае освен дека е креаторка на содржината на францускиот предлог од 2022 година. Како заменик-министерка во владата на Кирил Петков, таа беше директно вклучена во изработката на овој документ со кој се блокираа евроинтеграциите на Македонија.
Преговарачката рамка беше усвоена во јуни 2022 година и предвидуваше внесување на Бугарите во преамбулата на Уставот.
Македонската влада засега одбива ова да го стори барајќи реципроцитет и покрај барањето на лидерот на СДСМ Венко Филипче.







Comments are closed for this post.