Комбинацијата од висока температура, ниска влажност, силен ветер и топографијата на областа биле причина шумскиот пожар во регионот Атика минатата година, да заземе неконтролирани размери, според студијата на научниците од Националната опсерваторија во Атина објавена во Билтенот на американското метеоролошко друштво, а која ја пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА.
Деталната анализа на метеоролошката состојба на 23 јули 2018, денот кога избувна пожарот и животот го загубија 102 лица, се заснова на мерењата на метеоролошките станици на Националната опсерваторија, како и на резултатите од високата анализа на метеоролошките модели и ја покажува улогата на силниот ветер во брзото ширење на шумскиот пожар, jави дописничката на МИА од Атина.
-Според истражувачите, температурата во источниот дел на Атика тој ден достигна до 39 степени, влажноста на воздухот, пред да избувне пожарот, падна на 19%, а јачината на ветерот од запад надмина 95 километри на час. Комбинацијата на овие метеоролошки околности, во комбинација со топографијата на областа, според извештајот, доведе до екстремно и неконтролирано однесување на шумскиот пожар, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, пренесувајќи ја студијата
Comments are closed for this post.