Нивото на зараза од Западнонилска треска во Грција, полека добива размери на сериозна епидемија.

Овој вирус веќе е причина за смртта на 27 луѓе, а заразени се уште 234 други грчки граѓани. Кај повеќе од половината од нив (183) состојбата е доста тешка, соопшти Националниот центар за контрола и профилакса на болести.

Првпат вирусот на Западнонилската треска, кој се пренесува од комарци, во Грција се појави во 2010 година.

Многу случаи на заразени со вирусот оваа година се должи на високите температури и поројните дождови на почетокот на летото во Грција.